30
јул
2019
Пржени чебуреки со мелено месо
Во брашното додадете сол и вода колку потребно да се замеси тесто. Замесете тесто и оставете го во фрижидер половина час.
Во меленото месо изрендајте кромид, посолете, додајте црн пипер и сув зеленчук. Во меленото месо ставете 3 лажици вода за да биде сочен филот.
Тестото тенко рассукајте го, на средина ставете 2 лажици мелено месо, преклопете на пола убаво стиснете ги краевите.
Со помош на чинија направете круг, остатокот од тесто исечете со нож.
Пржете ги чебуреките во голема количина на зејтин кој треба да биде врел.
Ова е еден од Украински специјалитети.
Добар апетит!