Цреши - колачиња (без печење, посно)
Декоративни и многу вкусни, а и посни, па можете да ги искористите и како дел од вашите посни трпези за некој убав повод...слава, име и слично.
Подготовката е на следниот начин
1. Најпрво се ставаат водата, маргаринот и шеќерот во тенџере на тивок оган, кратко додека да се растопат маргаринот и шеќерот.
2. Потоа оваа течност ја додаваме кај претходно мелените бисквити и ореви.
3. Соединуваме убаво и додаваме црвена прехрамбена боја по потреба додека да добиеме убава црвена боја како на црешите.
4. Формираме мали бомбици во големина на црешки.
5. Дел од нив валкаме во шеќер.
6. Спојуваме две по две од црешите.
Забелешка
Од оваа доза излегуваат 34 цреши, доколку ви се малку дуплирајте ги сите состојки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mn simpaticni sse
Nemase moda togas livcinja od lokum, fondani... Pred 25,30 god
Aj dosta pisuvam... Ama sum ostarelaaaa