Конечно! Моите први цимет ролнички. Мислам дека направив одчичен избор на рецепт како за прв пат, а во следна прилика имам намера уште 2-3 варијации на оваа тема.

Подготовка

1. Измешајте ги сувите состојки за тесто во садот за месење. Измешајте ги водените во помал сад. Ставете ги една минута во микробранова или загрејте ги до вриење на рингла. Ако имате термометар, температурата треба да им е од 120-130С.

2. Направете вдлабнатина во сувите состојки и додадете ги водените. Измешајте со лажица или работете со робот. Кога ќе се соединат донекаде, додадете го јајцето и измесете меко, можеби малку лепливо тесто.  (Во зависност од влажноста на пирето од тиква, можеби ќе има потреба и од варијација на мерката со брашно)

3. На работната површина поросете многу малку брашно, за да не лепи и измесете го тестото да стани мазно и нелепливо. Тестото е толку фино за обработка што се ова многу лесно оди. Ставете го во чист сад и покријте го со фолија или пацета. Нека отстои 5-10 минути.

4. За тоа време спремете го филот. Едноставно измешајте го шеќерот со зачините.

5. Расучете го тестото во правоаголник. Премачкајте го со омекнатиот путер (путерот не смее да е стопен, ами само мек на собна или малку повисока температура). Поросете со зачинетиот шеќер и премачкајте со рака насекаде низ тестото.

6. Внимателно завиткајте ролат. Тестото е толку меко, што не заборавајте пред да го расучите да ја набрашните површината. Јас тоа го направив оскудно, па малку се помачив околу виткањето.

7. Ролатот исечете го на 12 парчиња кои ќе ги сместите во средно помала тава претходно премачкана со путер. Покријте ја тавата со стреч фолија. Оставете 30 минути да отстои. За тоа време загрејте ја рерната на 175С и потоа печете ги ролничките 25 минути.

8. Готовите ролнички прелијте ги со изматен инстант пудинг со вкус на ванила или по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови