За подготовка на овие ролнички потребни ви се оризови кори и зеленчук по ваш избор. Можат да се направат само со зеленчук, плус било кое месо, со риба или со морски плодови. Количините сами ги определувате во зависност од тоа за колку луѓе ќе правите.

Подготовка:

1. Печурките исечкајте ги зачинете ги и потпржете ги на малку маслиново масло. Зеленчукот исечете го на тенки стапчиња.
2. Во некој подлабок сад, поширок од оризовата кора, ставете вода. Земете една оризова кора, потопете ја во водата, превртете ја еднаш, два пати и отприлика за десетина секунди би требало таа да е доволно омекната, за да може да ја свиткате. Не ја држете премногу во водата, не треба многу да омекне.
3. Ставете ја наводенетата оризова кора на некоја даска или тањир, ставете на едниот крај од зеленчукот, маслиновата паста, печурките и завиткајте ја во ролничка, како сарма.
4. Задолжително послужете ги со некој посилен на вкус сос, така се повкусни. Јас само ги измешав состојките и сосот беше готов.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови