
Целуфки
Започнете со матењето на белките и кога ќе забелат додадете малку сол. По минута почнете со постепено додавање на шеќерот и ванилата. Пред крај додадете го сокот од лимон и матете додека не се добие цврст шам.
Доколку сакате шарени, додадете прехрамбена боја или какао, а доколку имате перли наросете одозгора.
Со мало лажиче земајте од смесата и ставајте купчиња врз пек хартија постелена на плехот од шпоретот. За полесно земете уште едно лажиче и со него туркајте од она со кое сте зацрпиле, па замазнете ако е потребно со него малку.
Печете ги во загреана рерна со вентилатор на 100С околу 1 час.
Доколку немате вентилатор, по 20 минути 2-3 пати подотворете ја рерната за да излези пареата.
Печените целуфки по минута-две одлепете ги од хартијата.
Лиценца: Сите права се задржани
Мојот рецепт е малку поразличен и ги правам малку помали за да бидат лапни - голтни..баш ме фати мерак сега да си направам две-три дози :)
чоклит, напрај и сподели го и твојот рецепт, радо би го пробала за следните вишок белки
П.С. Ова што велиш „нема сопирачка“ баш е така...само да ги погодиш онакви лесни и воздушести цела тава наеднаш се јаде :)
и супер, ако е уште поседноставен од овој, кате секако ќе ја испровоцираме да се обиди уште еднаш ;) :)
имаше еден рецепт на фб од некоја која тврдеше дека ептен и се успешни а се печеа со менување на температура, прво на најсилно рерната, па на средно и на крај на многу помалку... пробав да ги направам и излегоја живи внатре, а изгорени однадвор, ама еве, гледаш не се предавам. овие излегоја такви како што треба ;) по рецепт одамна запишан од снашката, само јас намалив на шеќерот малку ;)