Целерот за кој сите знаеме дека е многу ценет поради ароматичноста и лековитоста, тој е со интензивен вкус и помалку има луто-солен вкуст, поради што и не треба да се многу зачинува при неговото конзервирање.
Постапка
- Водата, оцедот, солта и шеќерот ставете да зовријат и тргнете настрана да олади.
- Исчистете го коренот од целерот, лесно обарете го во малку кисело - солена вода, исцедете го.
- Наредете во тегла и залијте со оладениот пресол.
- Затворете и оставете на ладно.
Послужувајте го со топли зеленчукови јадења, печено мевце не е на одмет да биде придружен со вака приготвениот целер.
- Ако сакате други вкусови додадете по малку бибер во зрна, по некое гранче од целерот, лук..ловор... Изборот е ваш..идејата е моја.
Уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани