20
дек
2012
Цезар салата
1. Пилешкиот стек се сецка и се пржи во врело масло. Кога ќе се зацрвени се вади и се остава да се излади.
2. 3 парчиња леб се печат во апарат за печење лепчиња или во рерна. Откако ќе се потпечи лебот се вади и се сечи на коцки.
3. Марулата, доматите и краставицата се сечкаат. Се зачинуваат со цеден лимон, маслиново масло и сол. Им се додава пилешкото месо. Сето се меша.
4. Во чинија се става од Цезар салатата, врз неа се ставаат коцките печен леб, тартар сос и пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани