
Цвет погачки
1. Во топлото млеко го раскиснуваме квасецот додаваме маслото, шеќерот, сол и постепено додаваме брашно додека да добеме мазно и глатко тесто. Тестото се остава да го зголеми волуменот двојно. 2. Од тестото оделуваме 12 топченца и ги расукуваме малку кружно, а од остатокот правиме многу помали топченца и ги редиме кружно на краевите од расуканиот круг и убаво ги натискаме при редење за да не се одвојат од местото кога ќе нараснат.
За една цвет погачка потребно ни е 7 до 8 мали топченца.
3. Се остават малку да нараснат, па ја полниме средината со сирење измешано со едно јајце.
Во средината можете да додадете и неколку парченца пиперка и магданос. Топчињата премачкајте ги со разматена жолчка и посипете со сусам. Печете во претходно загреена релна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
убава финта :)