1. Потребен е лимен или силиконски калап со димензии 35см должина, 10 см ширина и 8см висина. Јас го нарачав од кај нашито лимар, бидејки не можев да го најдам во продажба.
Калапот се обложува со проѕирна фолија и тенко се премачкува со масло. Од картон сечеме прегради кои ги спојуваме со чоколадо, никако со лепак.
Нивната ширина треба да биде од 1,5 -2 см. Се лепат со чоколадо, се виткаат во проѕирната фолија и се поставуваат симетрично во калапот. Ги оставаме на ладно 1 час.

2. Целиот калап го премачкуваме со чоколадо и во два наврати ги поставуваме наполитанките. Доколку има потреба ги кроиме според должина и ширина и ги редиме околку преградите. Мачкаме обилно со чоколадо за да ја задржат крцкавоста. Оставаме на ладно 1 час и за тоа врмее го подготвуваме полнењето.

3. Во Нутрибулет ги соединуваме 50мл млеко, лешниците и нутелата. Во касерола ги ставаме останатото млеко, шеќер, густин, жолчки и ванила. Вариме на тивко оган додека не згусне. Jа додаваме смесата од лешници и белото чоколадо. Повремено мешаме кремот да се олади. Го додаваме маскарпонето и мешаме да се соедини смесата. Калапот го полниме со смесата.
Врз кремот повторно редиме наполитанки и ги премачкуваме со растопено чоколадо и оставаме на ладно 3 часа.

4. Внимателно го вадиме калапот, ја одстрануваме фолијата и ги одстрануваме преградите.
Тортата ја поставуваме на три чаши, превртени наопаку, ја прелеваме обилно со чоколадо и оставаме да се исцеди и декорираме со темно чоколадо.