Некако перидов се префрлив на веге хроно намази за појадок и само екпериментирам со вкусови. Така настана и овој хумус. Бидејќи многу повеќе ми се допаѓа хумус од печена леблебија, затоа и ја користам почесто како таква. Плус полесно се прави, се избегнува процедурата на киснење, варење, чекање ...

Сите наведени состојки се ставаат во блендер/ сецко / Нутрибулет и неколку секунди се блендира додека да се добие мазна густа смеса.

Во комнинација со потпечен ржан леб и наросено со буковец или пак во комбинација со сирење/кашкавал е супер енергетски појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови