Холандски полнети палачинки со сланина и модар патлиџан
Палачинките подготвени во секоја варијанта ни се омилени. Рецептов кој денес ќе го прикажам, за мене е интересен затоа што никогаш досега не сум направила палачинки со свеж квасец.
Го разматив квасецот со шеќерот и маку брашно, додавајќи му млеко. Оставив 10 минути и ги додадов сите останати состојки. Промешав добро и оставив околу 20 минути да постои.
На загреана тава за палачинки (јас спремав на апарат за палачинки) истураме со кутлачка од смесата. Врз површината ја редиме сланината која ја пресековме на ленти. Додаваме и ситно цепкани парчиња од претходно печен модар патлиџан. Покриваме со тенок слој на смесата, колку да се затвори полнежот на палачинката. Оставаме да се запече убаво од двете страни. Така ја трошиме цела смеса на истиот начин.
Подготвените палачинки служете ги со сиренце или сос по свој избор.
Забелешка
Во составот стоеше некој друг зачин наместо власецот, но јас употребив власец и не згрешив. Ако сакате, за дополнителен вкус, додадете си и други состојки, но оригиналниот рецепт е овој.
На здравје.