хаха си пишав на фб профилот кога си ја изложив фотката, ама и тука ми иди наместо вовед... Ако не можиме на Хаваи, тогаш Хаваи кај нас во дворче

Најпрво се спрема кокосовото млеко од прав. Се загрева водата и во него се раствора прашокот за кокосово млеко. Се додава медот и се меша додека се стопи и кога ќе излади се додава чиа семето. Така се остава барем половина час во фрижидер или преку ноќ.

Исечената диња на парчиња се меша со јогуртот и румот и се блендира.
Потоа им се додава чиа кокосовото млеко и се убаво се меша.

Навлажнетиот врв на чашите се намакува во кокос и потоа се полнат со коктелот. Парче диња и чадорче за визуелен ефект и дополнително коцки мраз во жешките летни денови. Се пие под сенка со шешир во дворчето : )))

Напомена: сите состојки треба да се ладни од фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани