Фурнаринки
Дали ќе ги макнувате во некој зачинет доматен сос, во некоја салата или со топено сирење, ваш е изборот, во секој случај се убави.
Во топлата вода ставете го шеќерот и квасецот, промешајте и оставете десетина минути.
Додајте го маслото, солта и со миксерот (перки за тесто) почнете да матите додавајќи го брашното. Изматете го убаво тестото, да стани мазно. Прекријте го со крпа и нека одмори петнаесетина минути.
Со дел од тие 10 лажици путер премачкајте го плехот во кој ќе печете. Ако немате голем, тогаш поделете го тестото на два пати.
На малку набрашнета работна површина ставете го тестото и расучете го со големина на плехот. префрлете го во плехот и пресечете го на долги стапчиња.
Премачкајте го со две-три лажици од путерот.
Вклучете ја рерната на 220 степени и кога ќе се загрее ставете ги фурнаринките да се печат. Им треба 10-15 минути, зависи од тоа колку сакате да бидат крцкави.
Додека се печат, измешајте ги состојките за посипот. Јас овој пат ставиви и малку лук во прав и не погрешив, убав шмек добија.
Кога се готови печени, уште жешки премачкајте ги со остатокот од путерот и наросете ги насекаде со посипот.
Нека подоладат малку и подготвени се за користење т.е. за уживање.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови