Малку долг, но многу вкусен рецепт за според мене најдобрите кроасани.

2 дена порано
1. Во еден сад се ставаат брашното, шеќерот, солта, квасецот, се промешува и му се додава ладното млеко (многу е важно млекото да е полномаслено) и путерот на собна температура.
2. Се замесува тесто кое што се меси најмалку 10ина минути - до добивање на еластично тесто.
3. Во друг сад се посипува малку брашно и готовото тесто се става врз него и се става во фрижидер за најмалку 6 часа, најдобро е да стои една ноќ.
4. Студениот путер се сечи на мали парчиња и се става помеѓу два листа хартија за печење и со сукало се формира плочка од путер 15х15 сантиметри.
5. Така подготвениот путер се става за најмалку 60 минути во фрижидер за убаво да се олади и здрви.

1 ден порано
1. Тестото се вади од фрижидер и се расукува 30х30 сантиметри и во центарот се става плочката путер.
2. Тестото се завиткува како плик и од него се расукува правоаголник 20х60 сантиметри и се преклопува на 3 пати.
3. Се остава во фрижидер за 40 минути.
4. Тестото се вади од фрижидер, повторно се расукува во правоаголник и се преклопува на 3 пати и повторно се става во фрижидер за 40 минути. Постапката се повторува уште 2 пати, значи тестото треба да се расучи како правоаголник вкупно 4 пати и потоа повторно се става во фрижидер за една ноќ.
Забелешка
-Ако тестото ви се кине додека го расукувате оставете го за подолго во фрижидер, тоа значи дека путерот не е доволно ладен и стегнат.

Денес =)
1. Тестото се вади од фрижидер и од подолгата страна тестото се дели на два дела.
2. Се зема едниот дел и се расукува правоаголник.
3. Големиот правоаголник се сечи на триаголници и од секој триаголник се завиткува по една кроасана, истото се повторува и со останатото тесто.
4. Готовите кроасани се оставаат 60 минути на топло за да се надигнат.
5. Во еден сад се ставаат јајцето и млекото и се разматуваат до соединување.
6. Пред да се стават за печење кроасаните се премачкуваат со смесата од јајце и млеко.
7. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени за 20-25 минути.
Кроасаните веќе се готови и може да им се насладите со чаша кафе и цеден сок.

-Чашата е 200 мл.
-Од 1 доза се добиваат 20ина средни по големина кроасани.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови