Фокача со полнење од туна, кромид и домати (посно)
Од состојките за тесто замесете меко тесто и оставете го 1 час да стаса.
Во меѓувреме кромидот исечете го на потенки резанки и ставете го во тава со малку масло да се пропржи. За време на пржењето додајте и малку вода.
Пржете додека кромидот подомекне.
Откако тестото ќе стаса поделете го на 2 дела.
Во тава обложена со хартија (или нелеплива тава за печење) со раце растегнете го првиот дел од тестото.
Одозгора нанесете ги доматот исечен на парчиња, пропржениот кромид и парчињата туна претходно исцедена од маслото.
Одозгора попрскајте од маслото од туната и поклопете со вториот дел од тестото.
Краевите од двата дела тесто притиснете ги со раце за убаво да се спојат.
Печете во рерна загреана на 200 степени, 20-25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани