
26
авг
2019
Фит штангли со мусли (посно)
Ги грицкав и се блажев додека го пишував рецептов....вкуснички...
Подготовка
1. Муслите Премиум ги ставаме во Нутрибулет и ситно ги мелеме, а потоа и
интегралните бисквити. Ги ставаме во еден сад.
2. Кон нив ги додаваме ситно сечканите урми и брусница, бадемите и сечканиот
кандиран ѓумбир.
3. Сето ова го промешуваме да ни се соедини и да не ни се залепат сушените овошја
помеѓу себе.
4. Потоа го додаваме путерот од кикирики и оризовото млеко и соединуваме.
5. Смесата ја распоредуваме во силиконски калап и оставаме да се стегне во фрижидер.
Сечеме штангли по желба...