1. Шеќерот, јајцата и солта се ставаат во еден сад и садот се става над сад со пареа на оган.
2. Јајцата се тргнуваат од огнот и му се додава еурокремот.
3. Се промешува да се соедини и се остава да се олади.
4. Слатката павлака се мати и и се додава смесата со јајца и еурокрем која е целосно оладена.
5. Се промешува да се соедини.
6. Сладоледот се става во замрзнувач и кога не е целосно стегнат му се додаваат претходно потпечените и толчени лешници и искршените наполитанки.
7. Се промешува и се остава да стегне целосно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови