Фанурија - Погача за среќа
Фанурија погача се меси за здравје, срека и успех во учењето. Секогаш се прави на 9 септември и се прави со 9 состојки. По желба може било која состојка да ја ставите само да бидат 9.
Се замесува брашното, маслото, шеќерот со стасаниот квасец со постепено додавање на водата. Се дели тестото на 3 дела. Во првото тесто се додава кора од лимон, во второто тесто мелени ореви и во третото се става какао или суво грозје. Значи се додава било која состојка по ваш избор. Се става во намрсена тепсија бр.28 прво едното тесто расплескувајќи го со рацете, врз него второто тесто и третото. Се остава малку од тестото и се прават украси.
Се остава да надојдте тестото.Се печи на 200 С-35мин.Кога ќе се извади погачата се премачкува со блага вода(вода и шеќер растопено) за да свети.
Лиценца: Сите права се задржани
Preubava pogacata!
Ajde ke ja vidis i mojata stom ja objavat :)