Бомбици со тиква, суви сливи и ореви
Бомбициве настанаа од состојки кои ги имав дома.
Ама превкусни беа, со нежна нота на малку киселкаст вкус на сувите сливи, со прекрасна арома на слатко од дуњи.
До колку немате слатко од дуњи заменете го со мармалад од кајсии, или мед,
Јас слаткото од дуњи го подготвувам по овој рецепт....
Но во тој случај можеби ќе треба +- орев.
Затоа и пишав од 100-150 гр мелен орев.
Смесата не смее да биде претврда, кога ќе се замеси.
Туку доволно тврда за да можат да се формираат бомбиците.
Потоа оклопт од растопено чоколадо ќе ги чува.
Кога ќе се стават во устата е вистинска експлозија од вкусови.
Подгответе ги....па видете што опишувам хахаха
Во чашата на нутрибулет ги ставаме слаткото од дуњи, оревите , тиквата, циметот и овесните пахуљици.
Со кратки пулсирања соединуваме.
Со шпатула ја собираме смесата која е насобрана на ѕидот на чашата.
Сега ги додаваме и црните сливи и пак со кратки пулсирања соединуваме.
До колку немате нутрибулет, сомелете ги во машина за месо или исецкајте ги во сецко.
Во сад ја вадиме добиената смеса и ја оставаме во фрижидер 20 минути.
Потоа со влажни дланки формираме бомбици.
Ги оставаме така на воздух да се просушат 1 час.
Потоа секоја бомбица ја потопуваме во растопено чоколадо.
Редиме во хартиени корпиња и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Abe, se topea v usta
Meraciiii
Se topea v usta