Фантастична Мини Торта
За денес ви предлагам еден лесна мини торта во кој секој може да ужива. Вкусот е несекојдневен,а уживањето е загарантирано.
Делете ги јајцата во еден сад белки во друг жолчки.Со миксер матете ги белтоците и постепено додавајте од шеќерот.Матете додека да се растопи шеќерот потоа изматете ги жолтоците додека да ја добиете потребната цврстина и додајте ги во белките.Со миксер соединете ги па додајте го млекото и зејтинот.
На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица да се соединат.Смесата истурете ја во калап број 26 претходно намрсен со малку зејтин и посипен со брашно.Печете на претходно загреана рерна од 200С додека да добие златно кафеава боја.
Подготовка на филот. Во тенџере на оган растопете го шеќерот.
Откако ќе се растопи додајте 350мл млеко и оставете шеќерот да се соедини со млекото.
Пудингот и нишестето промешајте ги со останатите 150мл млеко и додајте ги во тенџерето.Мешајте додека да добите густа смеса.Смесата оставете ја да се излади.Совет-јас на површината и ставам најлонска фолија уште додека е врел за да не ми направи кора бидејќи смесата е многу густа а ако направи кора и ја соедините со матената слатка павлака ќе излезе грутчиња затоа најдобро е и вие да и ставте најлонска фолија немојте да мислете дека ќе се залепи на најлонската фолија затоа што откако ќе се излади најлонската фолија излегува каква што сте и ја ставивте.
Во друг сад со миксер изматете ја слатката павлака со двете лажици шеќер
и додајте ја во изладената смеса и повторно матете додека да се соединат додајте го и мелениот орев и соединете со миксер.
Пандишпанот делете го на 2-3 дела и филувајте пандишпан-фил-пандишпан-фил-пандишпан и на крај премачкајте ја целата торта со преостанатот фил...
За декорација користете изрендано чоколадо над целата торта...Добар апетит..
Лиценца: Сите права се задржани