12
дек
2014
Уштипци со брокула
Во зовриена солена вода обарете ја брокулата(околу 7-10 минути).
Во сад ставете го брашното, јајцата, малку сол и по потреба додавајте млеко.
Јас ставам од око, додека се добие смеса како за уштипци.
Оставете ја смесата малку да отстои( 10-15 минути).
Обарената брокула измешајте ја со пармезанот, па додајте ја во смесата од брашно, јајца и млеко.
Со лажица земајте од смесата и пржете во загреано масло.
Лиценца: Сите права се задржани