20
дек
2013
Уштипци од компири
Компирите излупете ги и рендајте ги на ренде во вода за да не поцрнат.
Потоа убаво исцедете ги да нема вода,тоа е многу важно.
Зачинете ги и додадете ги јајцата,брашното ,гризот,ситно сечканите шунка и кашкавал,дробеното сирење,убаво соединете со лажица.На загреано масло во тавче со супена лажица ставајте од смесата и убаво расплескајте ја само немојте многу тенко.Пржете од двете страни додека да заруменат.Ставајте ги на кујнска салафетка да се исцеди вишокот масло.
Послужете ги по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови