Испечати

Уштипци од компири

Уштипци од компири

Состојки

  • сол,бибер,оригано,магданос,кромид,морков... по желба
  • масло за пржење по потреба
  • 1кг компири
  • 3 јајца
  • 3 големи лажици брашно
  • 3 големи лажици гриз
  • 1/2 пециво
  • по вкус дробено сирење, сувомеснато, кашкавал

Подготовка

Компирите излупете ги и рендајте ги на ренде во вода за да не поцрнат.
Потоа убаво исцедете ги да нема вода,тоа е многу важно.
Зачинете ги и додадете ги јајцата,брашното ,гризот,ситно сечканите шунка и кашкавал,дробеното сирење,убаво соединете со лажица.На загреано масло во тавче со супена лажица ставајте од смесата и убаво расплескајте ја само немојте многу тенко.Пржете од двете страни додека да заруменат.Ставајте ги на кујнска салафетка да се исцеди вишокот масло.
Послужете ги по желба.