Универзално тесто за еклери и принцес крофни
Подготовка
Се става да зоврие водата, маслото и солта, потоа се додава брашното и нишестето убаво се меша смесата да почне да се одлепува од тенџерето и се остава да се олади. Кога е оладено се мати со миксер со перките за тесто и постепено се додава едно по едно јајцата. Потоа со помош на шприц се прават еклерите или принцес крофни во тавче за печење. Се печат на 220степени, рерната не ја отварајте дваесет и пет минути. Потоа извадете ги на решетка да се изладат додека го подготвувате кремот.
За кремот
Се става млекото со шеќерот да зоврие, а во еден мал дел од млекото се раствара пудингот, брашното и нишестето кој се сипува во врелото млеко и се прави густ крем кој се остава да се олади. Ладниот крем го матиме заедно со путерот.
Готовите еклери и принцес крофни се полнат со кремот.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
( викни следниот пат кога ќе подготвуваш еклери )
sovetot za relnata e tocen
A za filot varam 750 ml mleko so 4 izmateni jajca i 6 la\ici gustin i 8 l secer.
poz so slikicka od mojot folder
Cestitki!!!