Украинска традиционална манџа - Борч,
Ребрата ги ставиме да се варат, 1 морков сечеме на полумесечини, 1 цвекло сечеме на сламки, зелката ситно ја сецкаме.
Во вареното месо ги ставаме морковот, цвеклото и зелката.
Компирите ги чистиме и сечеме на коцки.
Кога ќе се свари зелката додаваме компир. Оставаме се убаво да се свари.
Додека се вари манџа во тавче рендаме 1 морков и 1 цвекло ставаме зејтин и пржиме. Кога ќе се испржи додаваме домати и црвен пипер и пржиме уште малку.
Сето ова го истураме во манџа, посолувамо додаваме сув зеленчук и црн пипер. Нека поврие уште 5 минути. На крај додајте исечкан магдонос.
Ставете во чинија со 1 лажица кисела павлака.
Многу убаво одговара со лукче.
Лиценца: Сите права се задржани
- Kosa Pakusevskij napisala: Kuvati borsc, to nije samo kuvanje. Kuvati ga, znaci biti posvecen onima koje volis… Borsc je cista emocija-
pozdrav do site posakuvam na site srekja.