Боршч е традиционална манџа во Украина. Ја подготуват домаќинки многу години.
Месото и граот ставете ги да се варат.  Во меѓувреме исечете ја зелката. Морковите излупете ги, еден изрендајте на ренде, другиот сечете на полукругчиња. Кромпирот излупете го и сечете на коцки. Цвеклото излупете го и изрендајте го.
Кога ќе се свари месото и гравот, ставете зелка и морков сечен на полутркалца.
После додајте компир.
Запршка
Додека се вари зеленчукот ставете тава на шпорет, исечете кромид, ставете морков рендан, цвекло рендано, додајте зејтин и пржете. Во тава ставете домата и пржете уште 15 минути, на крај ставете црвен пипер.
Пробајте ги компирот и зелката, ако се готови истурете запршка во манџата и се заедно нека поврие.
На крај истолчете лукче и додајте ситно сечен магдонос.
Манџата сервирајте ја во чинија и ставете една лажица павлака.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани