Боршч со грав и месо (украинска кујна)
Боршч е традиционална манџа во Украина. Ја подготуват домаќинки многу години.
Месото и граот ставете ги да се варат. Во меѓувреме исечете ја зелката. Морковите излупете ги, еден изрендајте на ренде, другиот сечете на полукругчиња. Кромпирот излупете го и сечете на коцки. Цвеклото излупете го и изрендајте го.
Кога ќе се свари месото и гравот, ставете зелка и морков сечен на полутркалца.
После додајте компир.
Запршка
Додека се вари зеленчукот ставете тава на шпорет, исечете кромид, ставете морков рендан, цвекло рендано, додајте зејтин и пржете. Во тава ставете домата и пржете уште 15 минути, на крај ставете црвен пипер.
Пробајте ги компирот и зелката, ако се готови истурете запршка во манџата и се заедно нека поврие.
На крај истолчете лукче и додајте ситно сечен магдонос.
Манџата сервирајте ја во чинија и ставете една лажица павлака.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Баба го спомнуваше овој Боршч и се сеќавам дека знаеше да го спреми често на трпезата. Но во сета оваа мешавинане сум сигурна за цвеклото.Мислам дека нејзиниот рецепт беше без цвекло.
Е сега мене малку ме прави скептик ова павлакава,незнам дали би ми се вклопила во сета мешавина.Како и да е не е лошо да се проба.