2
јул
2022
Традиционална, Македонска, летна манџа
Подготовка:
1. Прво измиените благи и лути пиперки ги сецкаме ситно. Во тава ставаме масло и пиперките.
Пржиме со повремено промешување додека не заруменат. Сега го намалуваме огнот и ги додаваме излупените и исецкани црвени домати. Готвиме на тивко, да испари течноста, што ја пуштаат доматите.
2. Пред крај го додаваме сецканото, биено сирење. Готвиме уште 2,3 минути, сирењето да омекни, да се опушти.Некогаш по желба на домашните додавам заедно со сирењето и лесно изматени 2,3 јајца.
Јас ја сакам без јајца, лута да биде, топло лепче и ја јадам со слатко динче.
Лиценца: Сите права се задржани