Подготовка:

1. Во топлата вода ги ставаме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно. Оставаме да се активира, па ги додаваме маслото, солта, брашното. Замесуваме меко тесто. Го оставаме 20 минути, покриено да отстои.
2. Потоа го делиме на 8 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала коричка. На 4 расукани корички ставаме искинати листови спанаќ и дробена фета. Зачинуваме по вкус. Ги преклопуваме со останатите 4 корички. Краевите ги притискаме со набрашнета лажица.
3. Загреваме тава и една по една ги печиме на умерен оган по 2,3 минути од секоја страна.
По желба капнете една, до две капки маслиново масло. Јас на две ставив, а на две не ставив. Подеднакво беа убави.

Доволен појадок за две особи со чаша јогурт.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани