Испечати

Турски палачинки со млад спанаќ и фета сирење

Турски палачинки со млад спанаќ и фета сирење

Состојки

  • 1/2 ќесе сув квасец
  • 1/2лажиче шеќер
  • 200мл топла вода
  • 300гр брашно
  • 1лажица маслиново масло
  • 1лажиче сол
  • фил
  • 2 полни раце млади листови спанаќ
  • 150гр фета сирење
  • сл и бибер

Подготовка

Подготовка:

1. Во топлата вода ги ставаме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно. Оставаме да се активира, па ги додаваме маслото, солта, брашното. Замесуваме меко тесто. Го оставаме 20 минути, покриено да отстои.
2. Потоа го делиме на 8 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала коричка. На 4 расукани корички ставаме искинати листови спанаќ и дробена фета. Зачинуваме по вкус. Ги преклопуваме со останатите 4 корички. Краевите ги притискаме со набрашнета лажица.
3. Загреваме тава и една по една ги печиме на умерен оган по 2,3 минути од секоја страна.
По желба капнете една, до две капки маслиново масло. Јас на две ставив, а на две не ставив. Подеднакво беа убави.

Доволен појадок за две особи со чаша јогурт.

На здравје.