Од состојките се замесува тесто. Доколку треба добрашнување, слободно користете брашно плус. Се остава да одмори 30на минути да се дуплира.

Потоа кратко се размесува и се дели на 4 дела. Секој дел се расукува и се премачкува обилно со масло, освен последниот. Се редат еден над друг, внимавајќи секој долен слој да не ѕирка повеќе од горниот.

Наредените кори една над друга сега се расукуваат колку можи потенко и целата кора се премачкува обилно со масло (или кој сака мешавина масло со стопен маргарин или путер).
Расуканата кора се витка во ролат.
Од оваа доза се прават две погачи (тестото претходно се дели на 2 дела. објаснувањето погоре е за една погача) во едната ставив и изварка после премачкувањето.

Зароланата кора сега се витка во облик на полжав и се става врз пек хартија, се покрива со стреч фолија или пацета и се остава малку да нарасне.

Нараснатата погача потоа се растанчува со сукалото и со се хартија се префрла во тава за печење.

Се премачкува со едно цело јајце, а врз тоа кој сака иако не мора можи да се нароси сусам или семиња по желба.

На крај, насекаде се боцка со вилушка и се става да се печи на 200 С околу 30на минути.

Погачате ќе биди тенка, лисната и многу вкусна. Пробајте ја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови