28
јул
2015
Туна салата со тестенини
Летна лесна закуска.
Сварете ги тестенините во посолена вода.
Исцедете ги и оставете да изладат.
Додајте им ги паковките од сецкана туна и филети туна.
За салатата користиме обескостени зелени маслинки.
Ги сецкаме на тркалца и ги додаваме во садот со тестенините.
Зачинуваме, попрскуваме маслиново масло.
Свежиот босилек не го сецкаме туку го кубеме-раскинуваме со рацете.
Благо промешуваме.
На здравје со прекраснава салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови