Тестенините сварете ги ал-денте во солена вода. Убаво исцедете ги и оставете да се оладат.
Сувомеснатото, јајцата, краставичките и кашкавалот исечкајте ги на коцки. Ставете се во еден длабок сад, додадете го сварениот грашок и изладените тестенини.
На страна подгответе го преливот, измешајте го мајонезот и јогуртот/киселото млеко, посолете и побиберете на вкус. Може по желба да додадете 2-3 лажици од солилото од краставичките.
Налијте го преливот врз салатата и убаво измешајте. Ставете во фрижидер да одстои неколку часа пред да послужите, најубаво до наредниот ден. Ако наредниот ден мислите дека салатата е премногу сува додадете неколку лажици мајонез.
По желба можете да додадете и зачини по ваша желба.
Одлично одговара со скара.