Доколку имате останато пире од ручекот искористет го за овие плескавици, тогаш ставете една полна чаша од 200мл пире како замена за варените компири. Доколку користите варени компири изрендајте ги, потоа додадете ја туната, јајцето, зачин, пармезан, лукот во прав, лебните трошки и замесете со рака.
Оформете плескавици, извалкајте ги во лебни трошки, а потоа пржете ги на малку масло или на грил тава.
Готовите плескавици сервирајте ги во округли лепињи, ставете парче варено јајце и парче маслинка, зелена салата и парче домат.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови