Трљка – Кумановско макало
Ова макало е кумановско традиционално јадење и е подготвено „с’с кумановску траву„ односно праз. Најчесто го подготвувам со компири, ама подеднакво ми е вкусно и со варен грав. По вкус му се додава и толчено лукче кое му дава посебен шмек на јадењево. Ако случајно го подготвите, па и пиперките ви се погодат лути подгответе си резерви на леб, затоа што нема засит од бабинава вкусотија.
Подготовка
1. Компирите заедно со пиперките ги ставаме да се сварат.
2. Компирите ги лупиме, а на пиперките им ги отстрануваме дршките и ако имаат многу семки и тие ги тргаме.
3. Празот ситно го сечкаме. Ги толчиме пиперките, па го толчиме празот со сол.
5. Двете смеси ги соединуваме па ги додаваме компирите. И нив ги толчиме и ги гмечиме за да се направи една компактна смеса. Додека го правиме ова постепено додаваме масло. Маслото што го ставаме е по вкус и зависи и од компирот, тој колку ќе прими масло.
Оставете ја подготвената смеса да се соедини и да ги прими вкусовите, па уживајте во ова посно јадење.
Лиценца: Сите права се задржани
Ај на здравје нека е Лилееее, ако ти останало барем малку баш пробај го и утринава да видиш дали ти е поубаво откако отстојало или врвот е кога тазе трљано :)
А фотката е супер:)
Да ти кажам кај мене на главната фотка изгледа како недопраена зошто јас исто како тебе (нели сакаме на дневна да сликаме) на зајдено сонце ја фоткав, па ја доправав после, што се гледа на дополнителните фотографии:):) Ама мораше така:)
како и да се надевам дека ви беше вкусно!
И сега да кажам вака... значи - кога одстои е повкусно затоа што вкусовит се спојуваат, а без лук нема да помине..ставив цела една главица лук така помалецка, важно целата отиде... вообичаено ваквите пинџури по нашки - ги попарувам со врел зејтин... пробај некогаш ке видиш како ке ви се допадне....
А варијантата со врелиот зејтин ја правев и јас редовно, ама се случуваше ММ често да има проблеми на вака спремениот начин и почнавме без попарување да ги правиме ваквите типови на јадења:)