Во поголем сад се мешаат водата, зејтинот, брашното и пецивото.
Спанаќот се обарува и се сецка. Кон спанаќот се додава сирењето и јајцата и се досолува по вкус.
Се зема една кора и се прска со смесата од зејтин и вода.
Над неа се става уште една кора и таа се попрскува со истата смеса. Над неа се става третата кора и се сечат на 4-5 ленти по должина. Над секоја лента на едниот крај со лажица се става од филот и се виткаат тригони. Истото се повторува со сите кори. Тригоните се редат во подмачкан плех и одозгора се преливаат со остатокот од смесата со зејтин.
Тригоните се ставаат во загреана рерна на 180 и се печат околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела