Триаголници со фил од тиква и брусница
Предлог за превкусен, крцкав, миризлив, есенски десерт.
Пробајте го.
Прво корите ги делиме на половина по должина.
Во еден сад ги соединуваме сварената и исцедена тиква од течноста, ванилата, кафениот шеќер и брусницата.
Во друг сад ги соединуваме киселата вода, маслото, јајцето, пецивото, шеќерот.
Земаме парче кора, со четка го премачкуваме со подготвената течност.
На почеток на кората ставме полна лажица од филот.
Завиткуваме триаголник.
Го оставаме во плех.
Постапката е иста со целиот материјал.
Со остатокот на смесата за премачкување ги премачкуваме веќе подготвените триаголници.
Печиме околу 25 минути во загреана рерна на 200 степени.
Ги оставаме малку да се изладат, па ги наросуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.