20
јан
2015
Традиционална карамел обланда
Млекото и шеќерот ставете ги во поголемо тенџере да вријат на тивко. Ако е појак оганот ќе кипи, па затоа прилагодете ја температурата. Од време на време промешувајте, ама да кажам уште еднаш, ако температурата е добра тогаш нема ни да осетите кога ќе биде готов филот.
Кога ќе се згусне филот (кога ќе го видите ќе знаете кога е тоа, а ако не сте сигурни ставете малку на ладно чинивче да видите дали е готово) тргнете го од огнот и ставете го путерот. Мешајте додека не се растопи путерот, оставете го готовиот фил сосема малку да се излади (колку да не е врел) и филувајте ги обландите.
Во филот може да додадете мелени ореви или чоколадо, но нам вака со неизменет карамел вкус ни е највкусно.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Прв пат ја спремав, може почетничка среќа беше, ама мислам дека полесно не сум спремила ништо :)