Тортиљи со пилешко и зеленчук
Тортиљи
Од сите состојки земесете помеко тесто и ставете го на топло место да стаса. Кога ќе го зголеми дупло својот волумен премесете го и поделете го на 8-12 топчиња. Јас правев 12, беа помали, но такви ми одговараа во моментот. Секое топче расукајте го во круг со дебелина околу 3мм. Тортиљите се пржат на умерено јака темперетура, на суво тавче. Пржењето трае многу кратко, внимавајте да не ги изгорите. Испржените тортиљи редете ги една врз друга и покривајте ги со кеса.
Сос
Месото исечете го на мали коцки, околу 7-8мм, и во еден сад измешајте го сите состојки за маринадата. Оставете го околу 30 минути.
Кромидот исечете го на полумесечинки, морковите на многу тенки крукчиња, пиперките на тенки ленти, доматот на коцкички. Во тава, идеално би било да е вок тава, на малку загреано масло ставете ги прво кромидот и морковите да се потпржат. Потоа додате ги пиперките, па месото заедно со маринадата и кога ќе се испржи ставете ја пченката па на крај доматот. Пржете додека не испари течноста.
Марулата исечете ја на тенки парчиња, а кашкавалот изрендајте го на крупно ренде.
На секоја тортиља ставете прво од сосот, па кашкавал и на крај марула и свиткајте ги како ролат. Прицврстете со чепкалки за да не отвараат и послужете ги топли.
Пријатен апетит!
Ако сте љубители на луто, ставете лути пиперки.
Лиценца: Сите права се задржани
Овие беа спремени за драги гости и некако атмосферата допринесе за да испаднат вакви какви што се :)
Ќе си ги зачувам и направам зашто домашно си е домашно :)