Еве го и рецептот за пилешкото полнење.
Ептен им се допадна на моите.Се надевам и на вас ќе ви се допадне.)))

Пилешкото го сечеме на стапчиња и го маринираме со наведените состојки, нека отстои 2 часа, а можи и преку ноќ.
Го пржиме на врело масло додека порумени.

Пред да почниме со пржење, го спремаме преливот.
Преливот го подготвуваме на тој начин што ги соединуваме сите наведени состојки за него.

Започнуваме со сложување-филовање на тортиљите.
(Рецептот за тортиљите е претходно објавениот мој рецепт.)

Ја премачкуваме тортиљата со преливот.
Ставаме од листовите зелена салата (измиени и исушени).
Распоредуваме врз нив од пилешките стапчиња.
Над нив зелка, доматче, ако сакате и малку сол.
Ја преклопуваме тортиљата и ....готово!

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани