Енчилада - тортиљи со пилешко месо
Едно од нашите омилени јадења и топло ви го препорачувам и вам.
Пилешкото месо прво се зачинува со сол, зачин од сушен зеленчук и црн пипер и се остава да се динста со зејтин и малку вода на тивко.За тоа време го правиме сосот. Се запржува кромидот, пиперките и лукот додека да омекнат. Кон нив се додаваат доматите, сол и чили сосот. После 15 минути сосот е готов. Со рачен блендер се миксира.
Месото кога е готово се сече на многу тенки ленти.
Секоја тортиља прво ја премачкуваме со 1 лажичка павлака, ставаме 1 лажица од сосот,размачкуваме насекаде,ставаме по средината од месото,па од ренданиот кашкавал и ја мотаме во мал ролат.Така правиме со сите тортиљи.
Во плехот во кој ќе ги печеме, ставаме малку зејтин и неколку лажици од сосот. Ги редиме тортиљите, ги полеваме со преостанатиот сос и одозгора им ставаме од ренданиот кашкавал. Се запекуваат на 200 степени околу 10 минути. Јадењето се служи топло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови