Испечати

Тортиљи со пилешко

Тортиљи со пилешко

Состојки

  • 500гр. обескосени пилешки надкопани
  • 4 тортиљи
  • 200мл јогурт
  • 1/2 лажичка лук во прав или гранули,
  • 1/2 лажичка чили во прав
  • 1/2 лажичка црвена пипер
  • 1/2 лажичка буковец
  • 1/2 лажичка коријандер
  • 1/2 лажичка босилек, оригано и мајчина душица
  • 1 лажичка мед
  • 100гр. кашкавал
  • сол, бибер и малку маслоново масло
  • За сос од јогурт
  • 100мл јогурт
  • 1 лажичка таан
  • 1 чешне лук
  • 2-3 капки лимон

Подготовка

Еве еден едноставен рецепт кој не бара некаков посебен ангажман при готвењето, а може делумно да се направи и ден од напред.... Мене овие тортиљи ми се омилени кога треба да направам брз ручек, а и забавен... Баш онака да не разведри по напорнот ден....

1. Пилешките надкопани можете да ги маринирате неколку часа пред печење, најдобро е доколку постојат барем 30 минути во маринадата. Во сад ставите ги надкопаните, јогуртот, зачините и се добро измешајте. Покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер.

2. Печете во намрсена ростер тава околку 50минути на темпертура од 200 степени.

3. Веднаш по вадењето од рерната премачкајте со тенок слој од мед. Оставете да одморат барем 10 минути, па со две вилушки или со раце расецкајте го месото, треба лесно да се двои.

4. Загрејте ја рерната на 200 степени. Разделете го месото на четири дела и секоја тортиља филувајте ја со месо и малку нарендан кашкавал. Изролајте и ставете да се запечат 2-3 минути, колку кашкавалот да се растопи и тортиљата да стане крцкава.

5. Послужете топло заедно со белиот сос од јогурт.

- За сос од јогурт
Измешајте го јогуртот, со малку сол. таан лук и неколку капки лимон....

Добар апетит.