Торта со јаболка
Јаболката излупете ги и исечете ги на појадри парчиња, ставете ги во 1.5 л. ладна вода со 9 лажици шеќер. Се варат се додека јаболката не омекнат(кога ќе прободеш со виљушка не се распаднат). Со лажица решетка се вадат јаболката во друг сад и се пасираат.
Во малку вода (неколку лажици )се раствараат пудинзите и потоа се додаваат во водата што се вареа јаболката. Се вари неколку минути со постојано мешање се додека не згусне. Во сварениот пудинг се додаваат изгмечените јаболка и се меша се додека не се изедначи смесата. На дното на сад за печење се реди еден ред бисквити кои се преливаат со топлиот пудинг.
Кога ќе се олади се додава шлагот и врз него може да се изренда чоколадо или посипе со чоколадни трошки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
By the way, dobredojde :)
да се пасираат, а шлагот (од посните се разбира) ако го изматите со вода супер писен рецепт за време на Божиќните писти