Подготовка:

1. Белките ги матиме со прстофат сол, постепено додавајќи го шеќерот. Кога ќе добиеме црвст снег ги додаваме оревите и презлата и мешаме убаво со лажица. Го распоредуваме тестото во тенок слој на плех (40х32цм) обложен со хартија за печење и израмнуваме. Печеме во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути. Оставме целосно да се олади.
2. За филот со кафе го раствораме кафето во жешката вода. Жолчките ги матиме со 20г брашно. Шеќерот го топиме во тенџере на оган. Кафето го додаваме во смесата со жолчки. Кога ќе се карамелизира шеќерот целосно тргаме од оган и ја додаваме смесата од кафе и жолчки. Враќаме на оган и готвиме со постојано мешање околу 5 минути. Карамелата треба целосно да се растопи и да се згусне смесата. Оставаме покриено со налонска фолија да се лади. Кога ќе се олади додаваме путер и мешаме убаво.
3. За филот со ореви ги потопуваме мелените ореви со жешко млеко и мешаме убаво. Путерот го матиме кратко со шеќерот во прав и кога ќе се оладат оревите го додаваме и мешаме убаво.
4. За филот од чоколадо ги матиме жолчките со шеќерот. Додаваме 2 лажици млеко и чоколадото и готвиме на пареа (врз тенџере на оган со вода која врие) до целосно растопување на чоколадото. Оставаме да се олади, а потоа го додаваме и путерот.
5. Печеното и оладено тесто го сечеме на три еднакви дела (по должина). Ја ставаме првата кора, потоа филот со кафе, па втората кора, па филот со ореви, третата кора, па филот со чоколадо. Тортата ја премачкуваме со тенок слој од филот со чоколадо и од страните. Оставаме во фрижидер најмалку 3 часа или преку ноќ.
6. Слатката павлака ја матиме со шеќерот и ја премачкуваме тортата. Декорирав и со малку рендано чоколадо и сецкани ореви. Може наместо со слатка павлака да се прелие тортата со топено чоколадо.
Тортата е превкусна, вреди да се проба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани