Брза торта со малини (без печење)
Брза, едноставна, вкусна и кремаста торта која плени на секое залаче.
1. Најпрво се става желатинот со 6 лажици вода да набубри.
2. Пишкотите се макаат во млеко и се редат во округол плех за торта.
3. Киселата павлака се меша со шеќерот во прав.
4. Слатката павлака се мати со миксер до цврста густина.
5. Желатинот се става на рингла и се топи. Кога ќе се стопи така топло се додава во киселата павлака и се меша со лажица. Потоа во неа се додава матената слатка павлака и двете смеси се мешаат со лажица.
6. Се дели смесата на 2 дела
- Во првиот дел се ставаат мечените бисквити.
- Во вториот дел се ставаат малините.
7. Врз пишкотите се става првот делот со бисквити, па делот со малинки и се остава во фрижидерот да олади околу 4 саати.
ПС-Повеќе време ми одзеде миењето на садовите или еве овде пишувањето на рецептот отколку правењето на тортата. Се на се 15 мин.
Лиценца: Сите права се задржани
Супер!