Торта со орев и капучино
Делете ги јајцата во еден сад белки во друг жолчки. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте ги 10-те лажици шеќер. Матете додека да се растопи шеќерот.
Потоа изматете ги со миксер жолчките додека да ја добиете потребната цврстина и додајте ги во белките. Со миксер соединете ги па додајте ги млекото, инстант кафето и маслото. На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица да се соединат.
Смесата истурете ја во калап број 32 претходно намрсен со малку зејтин и посипен со брашно. Печете на претходно загреана рерна од 180С-20 мин.
Фил
Во тенџере на оган ставте 800мл млеко и додајте го шеќерот и промешајте да се растопи шеќерот. Откако ќе зоврие млекото додајте го пудингот претходно измешан со преостанатите 200 мл млеко и мешајте додека да добите густа смеса. Пудингот оставте го да се излади. Во еден сад изматете го маргаринот и додајте го изладениот пудинг. Додајте го мелениот бисквит и мелениот орев и матете со миксер додека да се соединат. Пандишпанот делете го на 3 дела исто така и филот. Филувајте ја тортата пандишпан-фил-пандишпан-фил-пандишпан на крај со преостанатиот фил филувајте ја целата торта.
Во еден сад изматете ја слатката павлака со 2 лажици шеќер и декорирајте по желба па посипете ја со мелен орев и чоколадни трошки.Добар апетит...
Лиценца: Сите права се задржани