30
мај
2021
Торта со маскарпоне и рум
Подготовка:
1. Извадете го маскарпонето од фрижидер и оставете го да отстои 30 минути на собна температура. Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот. Матејќи со најмала брзина, додавајте го постепено маскарпонето. Потоа постепено додајте го и просеаното брашно измешано со пецивото. На крај додајте го кафето и румот и измешајте со шпатула или дрвена лажица.
2. Изматената смеса ставете ја во округол калап (20цм- премачкан со масло и набрашнет). Печете на 175 степени, околу 45 минути. Отавете ја тортата да олади, па посипете со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани