Торта со малини и руби чоколадо
Подготовка
1. Ги одвојуваме белките и жолчките во посебни садови. Ги матиме белките со прстофат сол и постопено додавајќи го шеќерот. Жолчките ги матиме кратко со миксер, а потоа ги додаваме млекото, маслото, пецивото, ванилата и брашното. Мешаме добро и на крај ги додаваме и претходно изматените белки.
2. Го делиме тестото на 4 еднакви делови и печеме посебно во калапи (20цм). Може да се пече и на плех обложен со хартија, на кој ќе го распоредиме тестото на 4 дела во кружна форма, со дијаметар околу 20цм. Печеме на 180степени околу 10 минути. По печењето оставме корите целосно да се оладат.
3. За ганажот од руби чоколадо, во длабок сад ги ставаме чоколадото и путерот, ја загревама слатката павлака до пред зовривање и ја истураме во садот со чоколадото. Оставме неколку минути, а потоа мешаме до целосно растопување. Го покриваме садот со најлонска фолија и оставме во фрижидер еден час.
4. За филот од малини - Чајот од хибискус го потопуваме со жешка вода и оставме да отстои 5 минути. Ги ставаме малините во поголемо тенџере заедно со шеќерот. Ги блендаме со рачен блендер, додека да добиеме пире. Го процедуваме чајот и го додаваме пирето од малини и ставаме на оган (средна јачина). Желатинот го оставаме да набабри во ладната вода. Го готвиме пирето од малини, додека да згусне и количината отприлика треба да се преполови. Тргаме од оган и го додаваме желатинот, мешаме додека целосно да се растопи. Оставме на собна температура.
5. Го вадиме ганажот од фрижидер и го матиме со миксер неколку минути.
6. Ја редиме тортата на следниот начин, прво кора, па една третина ганаж, па една третина од филот од малини. Завршуваме со четвртата кора и ја оставаме тортата во фрижидер да се стегне најдобро преку ноќ.
7. За декорација ја матиме слатката павлака со шеќерот. По желба може да се додаде розева боја. Ја премачкуваме тортата и декорираме со помош на шприц за декорација. По желба украсуваме и со свежи малини и струганици од руби чоколадо.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани