Торта Пеперутка
За пандишпаните
Се прават 3 пандишпани – 7 јајца, 7 лаж
шеќер,12 лаж ореви, 6 лаж брашно, 1 прашок за
пециво.
1. Се матам јајцата со шеќерот пенесто и во
нив се додаваат мелените ореви, брашното и
прашокот за пециво. Се пече во тавче од
електричен шпорет обложено со хартија,на 200
степени околу 15-20 мин.
Се повторува постапката и со другите два
пандишпани.
2. За првиот фил
Најпрво се подготвува желатинот, којшто се
потопува во 50 мл ладна вода и се остава да
одстои 15 мин.
Од млекото се остава околу 100 мл за густинот
да се растопи. Останатото млеко се става на
оган со шеќерот да зовријат, потоа во него
се додава густинот. Се меша додека да се
згусне. Се трга од оган и во него се става
половина од желатинот.
Кога ќе се олади се додава филот во
изматениот маргарин.
3. За вториот фил
Се става на оган сокот од ананас и во него се
додава шеќерот. Одкако ќе зоврие во него се
додава густинот којшто е претходно измешан
со дел од сокот од ананас. Кога ќе се згусне
филот се трга од оган и во него се додава
останатата половина од желатинот.
Кога ќе се олади се додава во пенесто
изматениот маргарин.
4. Кога се ќе биде подготвени се започнува со
редење на тортата.
Најпрво се става еден пандишпан па врз него
се става првиот фил, врз филот се ставаат
бананите исечени на кругчиња.
Се става вториот пандишпан врз него се
става вториот фил, а врз него се реди
ананасот исечен на мали парчиња.
На крај се става третиот пандишпан и тој се
премачкува со крем од маргарин и шеќер во
прав, затоа што тоа е најдобра смеса за да се
стави фонданот врз тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И јас се апсолутно се сложувам за декорацијата! ...секако изгледа и составот претпоставувам и искрено да си признаам не го исчитав цел, ама ќе се принавратам...;)
или душа те боли кога треба да сечеш вакво ремек дело? :) :) :) :)