Да, токму така, универзална, спој од повеке торти - Нена наречена бидејки тоа е нејзиниот комбиниран рецепт.
Подготовка
- Најпрво сварете го пудингот според упатстово на самото паковање, ако не сакате да е толку слатко-намалете ја количината на шеќерот според ваш вкус. Оставете да се олади.
- На пареа изработете ги жолчките во кои ќе ставите малку шеќер во прав до нивно згуснување. Нека олади.
- Сматете го пенесто маргаринот, додадете во него оладените жолчки - измешајте. Во него во неколку наврати ставете го оладениот пудинг и матете се додека добиете една компактна смеса.
- Исецкајте ги смоквите и ставете во цедалка да се цеди шербетот.
- Орео кексите искршете на поедри парчиња
- Филот поделете го на 3-три еднакви дела. Во 1/3 од филот ставете ги орео кексите, а во 2/3 - двете третини ставете ги зелените смокви.
- Со миксер изматете ги состојките за првата кора, ставете во плекче од рерна послано со хартија за печење и нека се печи во претходно загреана рерна на 180-200 степени. Истото направете го и со состојките за втората кора.
Оставете да се оладат.
- Исечете ги корите на половина да добиете четири еднакви правоаголника.
- Ставете прво една од исечените кори независно дали ќе ставите жолта или кората со ореви. Ставете 1/3 од филот со смоквите, ставете друга кора во спротивна боја - филот со Орео кексите, па друга кора - филот со смоквите. Покријте со останатата кора.
Шам
- Ставете во сад повеќе од половина од шеќерот кој ке го залиете со малку вода, нека се вари во густ шербет така што кога со лажичка ке ставите во ладна вода да се направи кугличка како бонбон - тогаш шербетот е готов. Додека се вари шербетот со миксер матете ги белките со остатокот од шеќерот, во добиениот шам полека истурајте од врелиот шербет во него и за цело време матете се додека се шамот олади. Со овој шам премачкајте ја целата торта.... декорирајте по ваша желба.
Напомена
Кај мене згрешен редоследот на корите, но не е толку голема грешка, така сметам јас.
Шамот кога е добро спремен тој дури добива на сјајноста.
Дополнителни слики нема бидејки тешко изводливо беше да се слика.
Доколку сакате поароматна да е тортата можете по малку да ги напрскате со шербетот од слаткото.
Слободно намалете ја количината на шеќерот во припремата на пудингот доколку не сакате да ви е како што велиме ние - тажно благо. Ние ја сакаме вака како што е напишан рецептот.
Не се сетив да ја видам грамажата на Орео кексите, но тоа беа две од помалите паковања.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани